Македонија

Уапсен маж од тетовско, поставил слики од малолетничка на интернет, па барал да имаат сексуални односи за да ги избрише

Вчера попладне, во 14.10 часот во село Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот И.С. од село Церово.

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

На почеток