Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Од
Објавено на

Во директен судир меѓу „тојота“ кој се движел кон Битола и товарно возило кое се движело кон Прилеп, загинаа три лица, а едно е повредено.
При судирот возилата се запалиле, а екипите на Противпожарната единица сè уште се обидуваат да го изгаснат огнот.
Како што извести АМСМ, магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин, а екипите на полицијата и обвинителството сè уште се на увид на местото на несреќата.
