Македонија

МВР со детали за страшната сообраќајка на патот Прилеп – Битола: возилото се запалило, на лице место починале тројца патници

Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Н.В. од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот Г.Р. од Битола.

Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.

Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај село Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.

На почеток