Извршен увид на местото на тешката сообраќајка, ќе се испитуваат примероци од крв и урина на возачот на камионот, телата на загинатите испратени на обдукција


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.
