Македонија

Уапсени двајца скопјани, полицијата пронајде ножеви кај нив

Вчера во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле 19-годишниот Б.И. од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле 18-годишниот Ќ.К. од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На почеток