Македонија

На Долно Блаце уапсен маж од Косово, му понудил поткуп на полицаецот оти немал сертификат, а превезувал патници

Албанец баран од Интерпол нападнал македонски полицајци додека го апселе на „Долно Блаце“

Денеска околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 55-годишниот С.Х. од Косово, извести МВР.

Тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп, соопшти МВР.

За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

На почеток