Свет

Нов жесток напад врз Бејрут

Официјалната либанска новинска агенција Ани извести за четири израелски напади во неделата навечер врз јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах што е гранатирано веќе неколку дена, а израелската војска соопшти дека ги гаѓала магацините за оружје на движењето таму.

„Непријателските воени авиони извршија два напади врз јужните предградија, првиот насочен кон областа Сен Терез, а вториот кварт Бурџ ал Барајне“, соопшти агенцијата, цитирана од Франс прес.

Ани потоа пријави уште два израелски напади во предградијата, вклучително и еден против градот Хада.

Во соопштението објавено во текот на ноќта во неделата, израелската војска соопшти дека нејзините авиони биле насочени кон „терористички цели во разузнавачкиот штаб на Хезболах“ и „магацини за оружје“ на вооруженото движење во регионот на Бејрут.

„По ударот беа идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје“, додаде војската.

Видеото на АФП покажува четири удари, од кои два предизвикуваат огромни секундарни експлозии, голем пламен, како и густи облаци од црн чад.

Повеќе од 30 напади ги погодија јужните предградија во текот на ноќта, според Ани, во една од најинтензивните ноќи на бомбардирање, поради што многу луѓе од соседните населби избегаа.

На почеток