Тинејџер бил избоден 50 пати и запален: уште една жртва на војната на нарко клановите во Марсеј


15-годишен тинејџер е брутално убиен во францускиот град Марсеј. Тој бил избоден 50 пати од непознати напаѓачи, а потоа запален. Полицијата верува дека тинејџерот е уште една жртва на нарко војната во градот.
Според медиумите, момчето добило наредба од висок член на нарко бандата да оди и да ја запали вратата од станот, во кој живееле членовите на ривалската банда. За тоа му ветиле 2.000 евра.
Меѓутоа, неговиот план пропаднал и тој бил откриен. Членовите на ривалската банда потоа го изболе најмалку 50 пати и го запалиле.
Ова е 17-та жртва на нарко војната во Марсеј од почетокот на годинава.
За споредба, минатата година се евидентирани 49 вакви случаи.
