Осумгодишно момче ги загуби родителите во страшните поплави во БиХ, по десетина луѓе се уште се трага
Од
Објавено на
Осумгодишното момче Е.Т. ги загуби двајцата родители во страшните поплави во Босна и Херцеговина.
Брачната двојка Адела (36) и Ведад Т. (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде до ноќта меѓу четвртокот и петокот живееја заедно идиличен живот. Поплавата предвреме ги одвои од синот со кој неодамна го прославија осмиот роденден.
Босански „Аваз“ ги објави имињата на 11 жртви, меѓу кои и Адела и Ведад. Во катастрофалните поплави што зафатија делови од Босна и Херцеговина, загинаа најмалку 20 лица, а десетици луѓе се водат како исчезнати.