Свет

(Видео) Сведочи Коста К.: Се чувствував отфрлено, затоа ги убив

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое уби девет ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“.

На денешното судење сведочи малолетниот убиец Коста, кој околу 9 часот со возило на брза помош и придружба на полиција беше донесен во судот, јавува Нова.рс.

Коста е во просторијата за заштитени сведоци, од каде никој не може да го види. Но, во судницата ќе може да види се. Според белградските медиуми, момчето убиец се согласило да сведочи во постапката против неговите родители.

Во продолжението на судскиот процес, по пауза се очекува момчето да одговара на прашања од членовите на семејството на убиените.

Со оглед на тоа дека решил да зборува за масакрот што го направил, ќе мора да одговори апсолутно на секое прашање што ќе му биде поставено – од судијата, обвинителот, семејствата на жртвите, но и неговите родители, пренесува Блиц.

При сведочењето Коста К. изговорил реченица која ги оставила во неверување родителите на убиените деца, пишува српски Телеграф.

„Чувствував дека другите деца ме отфрлија и затоа ги убив. Тој 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но се уште не бев сигурен дека ќе пукам“, изјави Коста К.

На почеток