Потрагата по исчезнатите во БиХ продолжува
Од
Објавено на
Потрагата по исчезнатите лица во поплавите во БиХ продолжи денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поле и други места, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон на Босна и Херцеговина, пренесува агенцијата Фена.
Според последните податоци во катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина загинаа најмалку 22 лица.
Целата тешка механизација во моментов е фокусирана на чистење на локалните патишта и нивно пробивање. Во исто време во тек се санации на водоводната, електричната и телефонската мрежа.
Лекови, храна, облека, хигиена и сите други неопходни потреби редовно се делат на погоденото население.