Македонија

Средба на министерот Тошковски со новоназначениот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е Зоран Миљаниќ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е Зоран Миљаниќ.

На средбата беше оценето дека соработката помеѓу двете министества е на исклучително високо ниво со взаемен интерес за нејзино продлабочување во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот со дрога.

Двете страни се сложија дека илегалната миграција е предизвик за безбедноста на двете земји и преку заеднички изразена волја може да се придонесе за уште подобро управување со миграцијата и заштита на границите преку поинтензивна соработка во рамките на регионалните иницијативи.

На крај беше потврдено дека нашите две пријателски земји имаат заеднички приоритет – членство во Европската Унија, и реализирањето на оваа стратешка цел ќе биде олеснета преку размената на искуства и добри практики и засилување на регионалните врски на пријателство и соработка.

На почеток