Свет

Разрешен досегашниот руски амбасадор во САД

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го разреши досегашниот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, од таа позиција, како и од позицијата постојан набљудувач на Руската Федерација во Организацијата на американските држави.

Претседателскиот декрет од 10 октомври е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесе Интерфакс.

Руското Министерство за надворешни работи минатата сабота соопшти дека Антонов ја завршил службата во Вашингтон.

Дипломатот беше назначен за руски амбасадор во САД во август 2017 година.

На почеток