Македонија

Тешко повреден маж од виничко, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Лески, виничко, Л.С.(55) од истото село, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На почеток