Средба Мицевски-Меидани: Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во ЕУ
Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани.
Посакувајќи му успешна работа на новиот албански амбасадор, координаторот Мицевски изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете соседни земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во идното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.
Амбасадорот Меидани порача дека Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во Европската Унија, како и споделување искуства во насока на поттикнување реформски и демократски процеси.
Соговорниците разменија нови идеи и начини за унапредување на билатералните односи, како и тоа дека двете земји споделуваат заеднички вредности и придонес кон регионалната соработка.