Скопје

Граѓаните на општина Ѓорче Петров вклучени во креирањето на буџетот на нивната општина

Општина Ѓорче Петров повторно ги вклучува граѓаните во изготвување на буџетот. Како и минатите две години, жителите на оваа општина повторно ќе имаат можност да учествуваат во креирање на буџетската каса за 2025 година.

-Целта е сите заедно да ги испланираме и реализираме приоритетите кои ќе ја направат нашата општина подобро место за живеење. Мислењето на граѓаните е особено важно – соопштуваат од Општината.

Во периодот што следува, граѓаните ќе имаат можност преку прашалник на следниот линк да го споделат своето мислење.

Оваа активност е веќе воспоставена пракса во Општина Ѓорче Петров. И изминатите две години, односно од почетокот на мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски, граѓаните на повеќе начини активно учествуваат со свои идеи, предлози и сугестии во изготвување на буџетот за следната година.

На почеток