Македонија

Во автобус од Турција пронајдени 30 штеки цигари, известена е екипа на Мобилна царина

Денеска во близина на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии запреле и извршиле контрола на автобус „ман“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин.

По контрола над багажот на патниците во автобусот, кај лицето К.Г.(49) од Република Турција биле пронајдени 30 штеки цигари. Бидејќи станува збор за царински прекршок, известена е екипа на Мобилна царина за понатамошна постапка.

На почеток