Скопје

Уапсени двајца малолетници на Бит Пазар, кај нив биле пронајдени околу 50 куршуми и нож

Вчера во 12.00 и во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени околу 50 куршуми калибар 9 мм и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На почеток