Скопје

Неколку скопски општини денеска без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на неколку општини во Скопје.

Во период од 08.30 до 11.00 часот дел од улицата Методија Митевски објектите околу ОУ Исмаил Ќемали (Рајко Жинзифов), ОУ Исмаил Ќамали, ул. Никола Грчето, ул. Петар Ичко во oпштина Чаир.

Од 11.30 до 14.30 часот улица Никола Малешевски, улица 7 Црвена Вода и улица Сремски Фронт во општина Центар.

Од 09.30 до 11.00 часот дел од улица Франце Прешерн (на почеток на улицата) во општина Ѓорче Петров.

Од 09.00 до 14.00 часот корисниците на Горно Соње, дел од село Соње и населба Коштан во општина Сопиште

На почеток