Македонија

Скопје меѓу градовите со најлош јавен превоз во Европа, според Еуроњуз

Според истражувањето кое го спроведе Еуроњуз, Македонија е меѓу трите земји кои имаат најлош јавен превоз во Европа.

Како што се вели во истражувањето седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.

Во Скопје само 47 проценти од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија. Најмногу задоволни се Австријците со 91 отсто.

Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

На почеток