Македонија

Средба Филков-Вал: планираните реформи и проекти во правосудството, теми на дискусијата

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Како што извести Министерството, се дискутирало за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.

Посебен осврт беше даден на Предлог законот за кривична постапка за што од страна на амбасадорот Вал беше соопштено дека ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот, се вели во соопштението.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда ќе биде и натаму активно вклучена во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028, како и во работните групи за одредени законски измени.

Соработката и дијалогот во наредниот период ќе се интензивираат со цел да се реализираат планираните реформи во правосудството.

На почеток