Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија со детали за земјотресот кај Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера 15.10.2024 година, во 18 часот и 35 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Демир Капија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

На почеток