Скопје

Возило се преврте и се запали, четворица скопјани со повреди при судир меѓу „шкода“ и „бмв“

Вчера околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“, на кракот со улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје, при што возилото „шкода” се превртело и се запалило.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток