Македонија

Претрес во Кичево, приведен лихвар

Вчера во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 64-годишниот Л.А. од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток