Македонија

Утре, ден на жалост во Велес, за загинатите сограѓани во трагичната несреќа кај Катланово

Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата наши сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

На Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, 18 октомври 2024 година, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика, извести Дума.мк.

На почеток