(Видео) ДУИ: ВРЕДИ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство
Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес конференција ја информираа јавноста дека „од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше постигнато во здравството“.
„Од самиот почеток на работа на оваа Влада, со длабока загриженост ги набљудуваме промените кои се случуваат во здравствениот сектор, имплементирани од ВЛЕН. Во отсуство на легитимитет тие се принудени да го прифатат понижувањето и во исто време да ги прекршат правата на еден цел народ“, велат од ДУИ.
„Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на албанците тие најдоа здравство со застапеност во сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно.
Албанците раководеа со над 50 здравствени институции, додека ВРЕДИ влезе во Влада, без легитимитет од народот и кои без двоумење ги демолираа и продолжуват да ги демолират све што беше постигнато“, соопшти ДУИ.