Македонија

„Лично ги видов нејзините документи потпишани од неа, дека има бугарска самосвест и потекло“, рече Јотова за министерката Сања Божиновска

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова тврди дека лично ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло, објави БТА.

„Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарскa самосвест и потекло“, рече Јотова.

„Ние Бугарите сакаме Република Северна Македонија, чие самоопределување како земја први го направивме во цела Европа, да напредува посигурно во нејзината европска интеграција. Ова е можно само кога се почитуваат меѓународните ветувања и јазикот на омразата е напуштена“, додаде таа.

На почеток