Македонија

Џафери на ратификацијата на Протоколот за НАТО во Романија и Литванија

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од денеска до четврток ќе присуствува во Романија и во Литванија, каде во собранијата на двете членки на НАТО, ќе се ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

Во Парламентот во Романија седницата е закажана за 13 март, додека во Сејмот на Литванија ќе се одржи на 14 март. Џафери ќе има обраќање пред парламентот во Литванија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Џафери ќе биде придружуван од пратеникот Панчо Минов, а ќе оствари билатерални средби со државни претставници на двете земји.

На почеток