Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Власта партиски ја киднапираше АНБ, претседателката Давковка да го запре најавеното спојување, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-21-125415

Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Аганецијата за национална безбедност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција повикувајќи за претседателката Гордана Сиљановска Давкова да регира.

— реклама —

— реклама —

-Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.

— реклама —

Сметам дека со овој манир премиерот Мицкоски потсетува на неговиот партиски претходник, кога овие институции се користеа и за пресметка со политички неистомисленици , со пресметка со новинари и не може никако поинаку да се толкува ова назначување на оваа навистина осетлива позиција, додаде тој.

Филипче најави дека СДСМ ќе ги извести сите наши стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и ја повика претседателката Давковда да го запре најавеното спојување на двете клучни безбедносни агенции.

-Ја повикувам и претседателката Силјановска Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агеницијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 3 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 5 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања