Промени тема
Контакт

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Македонија нема децении за губење и иднината на државата не смее да биде ставена во застој и неизвесност, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека власта нема право да ја држи државата во изолација и да ја злоупотребува довербата на граѓаните, нагласувајќи дека станува збор за клучен момент за иднината на земјата.

— реклама —

„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи, животите на нашите деца и внуци. Македонија не е создадена да стои во место и да се плаши во неизвесност, туку да оди напред, да биде слободна, демократска и европска држава“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, тој порача дека СДСМ заедно со коалициските партнери е подготвен да се спротивстави на, како што оцени, погрешните политики на власта и да ја води борбата за европска Македонија.

— реклама —

„Ќе се бориме уште посилно и поодлучно. Да се обединиме околу идејата за напредна држава, со европски плати, повисок животен стандард и нула корупција“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека нема да дозволи да згасне темата за членството во Европската Унија, ниту, како што рече, сонот на граѓаните за европска иднина, нагласувајќи дека целта останува враќање на државата на европскиот пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 14 часа

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 16 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања