Лимани од Женева: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно, да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената во светот
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).
Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период.
„Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи да се залага за зајакнувањето на позицијата на жената, како потребна основа за просперитет и одржливост, затоа што силни жени значат силно општество“, рече Лимани.
„Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно но потребно е да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената насекаде во светот.
Жената во центар на нашето внимание за да обезбедиме посветла иднина за идните генерации“, изјави министерот Лимани.