УЈП: Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ -04 пријавите
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Важно е да се напомене дека 23-ти октомври е неработен ден, но системите на УЈП работат и сите кои имаат обврска за поднесување на ДДВ – 04 пријави истото ќе може да го сторат и во среда..
Досега, поднесени се само 11.113 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што претставува само 27,12% од вкупниот број. Ова укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.
Запомнете, непостапувањето во рок може да доведе до казни и дополнителни финансиски трошоци. Затоа, не чекајте! Поднесете ги вашите пријави навреме и избегнете стрес и дополнителни санкции.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина, соопшти УЈП.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка сите прашања и коментари, поткрепени со документација можат да ги достават на инфо сандачето [email protected]. Даночните службеници по службена должност ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на телефоните:
📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200
Не чекајте, постапете веднаш Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски, велат од УЈП.