Медведев: Трамп се занесе, тој е мазен како свила во преговорите
Од
Објавено на
Дмитри Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше изјавата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, кој рече дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.
„Трамп се занесе. Дали навистина зборуваше за „напад на ѓаволската Москва“? Секако дека не. Тој е генерално мазен како свила во преговорите. А на ваквите зборови има само еден одговор: и вашиот ѓаволски Вашингтон ќе биде погоден. Генерално, нашиот однос со него е прилично топол“, напиша Медведев на Х.