Уапсени двајца мажи од крушевско, превезувале огревно дрво без документација
Од
Објавено на
Вчера во атар на село Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода 57-годишниот Х.И. од село Борино, крушевско и 46-годишниот А.И. од село Житоше, крушевско.
Тие биле затекнати како со трактори без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.