Македонија

Директорката на „Козле“ за случајот со 14-месечното бебе: Нема лекарски пропуст

Д-р Каролина Симоновска – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај.

Како што кажа директорката, Комисијата не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пациентот во „Козле“, објави Фокус.

Според неа во клиниката „Козле“ е преземено се во третманот на детето.

Пациентот бил веднаш прифатен во Клиниката „Козле“, биле направени бројни анализи, бебето било поставено на терапија според интерните протоколи на клиниката, било мониторирано и под кислородна поддршка, вели директорката и додава дека поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, било препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.

На почеток