Обама: Ќе ви дадам само еден обид да погодите каде се направени библиите на Трамп
Поранешниот американски претседател Барак Обама дојде на митинг во Висконсин за да ги повика гласачите да ја поддржат Камала Харис на претстојните претседателски избори.
Тој ја повика толпата да излезе и да гласа што е можно поскоро, велејќи дека „имаат можност да изберат нова генерација на раководство“. Тој потврди дека веќе гласал по пошта. „Знаеме дека овие избори ќе бидат тесни. Ќе бидат тесни овде во Висконсин, ќе бидат тесни низ целата земја“, рече тој.
Тој нагласи дека ќе биде тесно „бидејќи многу Американци сè уште се борат“ поради настаните од последниве години, како што е пандемијата што „предизвика пустош“. „Разбирам зошто луѓето сакаат да ги размрдаат работите. Она што не можам да го разберам е зошто некој би помислил дека Доналд Трамп ќе ги размрда работите на начин кој е добар за вас“, изјави тој.
Тој тврди дека нема „апсолутно никаков доказ дека Трамп мисли на некого освен на себе“. Тој го опиша Трамп како „78-годишен милијардер кој не престана да кука за неговите проблеми откако се симна по тој златен ескалатор пред девет години“. Да потсетиме дека во 2015 година Трамп го направи ескалаторот во Трамп Тауер за да ја објави својата кандидатура за претседател.
„Кога тој не се жали, тој се обидува да ви продаде работи – дали сте го забележале тоа? Кој го прави тоа? Вие се кандидирате за претседател и продавате работи“, рече Обама, сакајќи да се исмева со обидите на Трамп да продава патики и часовници.
„Моја омилена е Библијата на Трамп. Вистинска приказна. На неа е испечатено неговото име – издание на Доналд Трамп. Веднаш до Матеј и Лука – Доналд. И ќе ви дадам еден обид да погодите каде се направени тие Библии“, нагласи Обама. Толпата одговори: „Во Кина“.
Со иронична насмевка, Обама заклучи: „Тој е „господин опасен“ за Кина, освен кога станува збор за заработка од неколку долари.