Македонија

Управувајќи мопед паднал на коловозот, тешко повреден маж од Гевгелија

Вчера во 17.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Гевгелија, 69-годишниот Р.И. од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

На почеток