Македонија

Дигитализација на парламенти – тема на средбата Гаши – Хусар во Рига

Во рамки на Третиот парламентарен Самит на Меѓународната кримска платформа во Рига, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Естонија, Лаури Хусар.

На средбата претседателот Гаши се осврна на процесот на дигитализација како процес кој што постојано се унапредува во Собранието, на предизвиците со кои се соочуваме во процесот на целосна дигитализација на институцијата, како и на тековните процеси и ИКТ опрема во Собранието во насока на транспарентност на институцијата, достапност на информациите до граѓаните и институциите.

Нагласувајќи дека дигитализацијата на Собранието и заштитата на податоците е еден од приоритетите во неговиот мандат, искажа увереност дека Собранието треба да ги користи практиките од парламентите кои веќе се искусни во процесот на дигитализација, а во Естонскиот Риигикогу гледа лидер и предводник во дигитализацијата во Европа и пошироко.

На почеток