Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Гаши: Собранието ќе работи – пратениците нека најдат начин да дојдат, пеш или порано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите изјави дека Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека се ќе биде мирно и ќе тече се како што треба. Така, тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме“, кажа Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

— реклама —
— реклама —

Во однос на прашањето за коментар за синдикалните барања, Гаши смета дека проблемот не може да се реши само со зголемување на платите.

— реклама —

„Сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв наш приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил сите плати. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни во државата. Од таму да одиме – Претседател на државата, на Собрание, Премиер, пратеник, директор, наставници, доктори… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем“, рече Гаши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

Македонија | пред 6 дена

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања