Македонија

Да не се лажеме, СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани „лидери“, рече Шилегов

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ.

Според Шилегов, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.

„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ“, напиша Шилегов.

На почеток