ШИЛЕГОВ

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ обвинува: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар - ВМРО, велат од СДСМ.„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството.  Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?Кои се причинско последичните факти?Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од  10 милиони евра.  Постапката сè уште е во тек.Сега дали е појасно?По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.Овој предмет се уште е во истражна постапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.Ќе се избориме со сите напади.Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ: Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба со иста реторика на Мицкоски

ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали, вели СДСМ.„Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна.1.ВМРО ја напаѓа СДСМ за лидерската средба. Излегува Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба, дури употребува „изолирана партија“ односно со иста реторика на Мицкоски.Денеска Депостовски исто така ја напаѓа СДСМ за “неучеството на средба на лидерите на најголемите партии”.2.ВМРО ја напаѓа СДСМ затоа што бара законска заштита на податоците од системот „Сејф сити“.Деспотовски денеска за истата тема ја напаѓа СДСМ дека се инаети за „клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните”.Шилегов во емисија ја напаѓа СДСМ како била донесена одлуката да не се поддржи законското решение за истата тема.3.ВМРО бара оставка од претседателот Филипче. Шилегов и Деспотовски исто така.4.Деспотовски и Шилегов немаат ниту еден единствен критички збор упатено за Мицкоски и ВМРО, за нивните криминални тендери, за изолацијата на земјата, ниту пак за некоја владина политика. Ништо.Дали сега има некој што не му е јасно?Кога СДСМ вели дека сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта, ова е нивното разоткривање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ„Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања:Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7mhm9aopa0ge4U1sL4C

Шилегов бара оставка од раководството на СДСМ: Резултатите се катастрофални

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на Телма, јавно побара оставка од актуелното партиско раководство, оценувајќи дека резултатите од неговото работење се, како што рече, катастрофални и ја довеле партијата во длабока криза.„Да ја сведете поддршката на партијата на околу сто илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета на државно ниво – ако тоа не е катастрофа, што е?“, изјави Шилегов.Тој најави дека незадоволството во партијата не доаѓа само од него, туку и од поширока група членови и функционери, меѓу кои и актуелни пратеници, кои, според него, немаат никаква комуникација со раководството.„Кога дел од пратениците ќе излезат од партијата, можеби и половина од пратеничката група, и кога дел од општинските раководства ќе ви ги затворат вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете“, порача Шилегов.Тој потсети дека бил отстранет од потпретседателската функција за време на т.н. операција „Метла“, а подоцна, како што рече, не бил свикан ниту конгресот што го барале бројни активни членови по локалните избори. Шилегов ја оспори и легитимноста на конгресот што го најави актуелниот лидер Венко Филипче, посочувајќи на апатија, пасивизација на членството и изолација на партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypvvqc79d0ct347waByH

(Видео) Со бомбите од СЈО ќе ја разведеа пола Македонија, вели Книга раскажувајќи каква порака пратил Шилегов до Груевски

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Драги Митковски-Книга, долгогодишен близок пријател на Никола Груевски, зборуваше за периодот на „бомбите“, за односите со поранешниот премиер, како и за своето сведочење пред Специјалното јавно обвинителство.Одговарајќи на прашањето како се чувствувал кога ги слушал прислушуваните разговори во кои се спомнува Груевски, но и трговијата со влијание „ти мене – јас тебе“, Книга призна дека чувството било непријатно. Раскажа дека во моментите кога почнале да се објавуваат „бомбите“ бил во Сандански. Кога се вратил случајно се сретнал со Петре Шилегов.„Ми рече да му се јавам на другар ми да си даде оставка. Го прашав зошто? Ми вика – па слушаш ли бомби? Му реков дека слушам, ама дека со бомби ќе ја разведат пола Македонија“, раскажа Книга.На прашањето на водителот дали тој ги перцепира објавените материјали како снимки каде се зборувало за афери и „шваљерај“ отколку за класичен криминал, Книга одговори дека доколку биле објавени сите снимки, „удолницата ќе била целосна“.Книга потврди дека бил повикан и во Специјалното јавно обвинителство, каде што бил распрашуван за своите релации со Никола Груевски. Како што наведе, распитот го водела обвинителката Ленче Ристовска, за која рече дека била „ептен коректна“.Во разговорот се осврна и на периодот непосредно пред бегството на Груевски во Будимпешта. Иако претходно тврдел дека немал контакти со него, Книга призна дека се сретнале околу месец и пол пред бегството, во кафана. За бројните шпекулации околу начинот на кој Груевски ја напуштил државата, вклучително и приказните дека бил пренесен во гепек, Книга беше дециден.„Нема шанси Груевски да се вози во гепек“, рече тој, додавајќи дека, според негово убедување, заминувањето било „најнормално“.Цел ексклузивен разговор:

Македонија | пред 1 месец

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Коментари | пред 1 месец

shilegov

Шилегов со песна го коментираше новото раководство на СДСМ: „Наместо коментар…“

Поранешниот градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил реагираше по повод Централниот конгрес на СДСМ каде што беше избрано новото раководство.Тој ја објави песната „Во бестрага“ од Нокаут и Игор Џамбазов. Покрај објавата Шилегов напиша „Наместо коментар…“

Македонија | пред 1 година

shilegov

Шилегов: Aко нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник..

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалните мрежи.„1.000 зошто, едно затоа:За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …“, напиша денеска Шилегов.Ексградоначалникот во претходната објава на фејсбук го критикуваше раководството на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

shilegov-012

Да не се лажеме, СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани „лидери“, рече Шилегов

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ.Според Шилегов, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ“, напиша Шилегов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-02-at-08.42.49

Шилегов до Зечевиќ: Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот

Екс градиначалник на Скопје и виден функционер на СДСМ Петре Шилегов, ја продолжува расправијата со генералниот секретар на СДСМ во оставка, Миле Зечевиќ Вардарски.На ФБ напиша:,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….Без падобрани. Паднат од небо !!!Ех моја СДСМ …”Препукувањата се по катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ на изборите, за што членството вината ја лоцира кај раководството, меѓу нив и Зечевиќ.Зечевиќ минатата година јаваше со коњ на Илинден, во Крушево, што сопартијците го критикуваа.

Коментари | пред 1 година

IMG_4963

Шилегов распука против Зечевиќ: Дворските кавги во СДСМ ескалираат

Продолжуваат кавгите и поделбите во СДСМ. Веќе и не се знае кој со кого и против кого е.Последната во низата е меѓу екс градоначалникот на Скопје, виден член на СДСМ и поранешен пратеник и портпарол, Петре Шилегов со генералниот секретар во оставка Миле Зечевиќ.Тој си го додаде прекарот Вардарски, па Шилегов на социјалните мрежи му напиша:Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув”.Шилегов не објаснува на што се должи ваквата реакција на поранешниот градоначалник на Град Скопје, но може да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.На Зечевиќ му забележуваат дека СДСМ во време кога тој е генерален секретар го доживеа историски најголемиот историски дебакл, лошата кадровска политика, присуството на формирањето на партијата на Данела Арсовска.

Македонија | пред 1 година

Summerland-1

Се огласи Шилегов за проблемот со ѓубрето: Вожњава стварно бесплатна е

Екс градоначалникот Петре Шилегов, целата ситуација за состојбата со комуналното претпријатие се исмејува.Тој најпрво објави фотографија а потоа и искоментира:„Вожњава стварно бесплатна е …“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

Шилегов за Данела: Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала

По прес-конференцијата на Данела Арсовска на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник Петре Шилегов.„Од скопските приказни:Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала …“, вели Шилегов

Коментари | пред 3 години

silegov-1

Шилегов за изјавата на Џамбаски: Никогаш не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов реагираше на изјавата на бугарскиот европратеник и лидер на ВМРО, Ангел Џамбаски, кој преку контроверзно видео изнесе низа навреди и провокации со порака дека „Ние Бугарите одлучуваме кои сте вие“.„Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …)Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ?Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп.Џабе ќе се трудам …“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Silegov

Шилегов сподели што мисли

Вработените во ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.На социјалните мрежи денес се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.„Мислам дека беЗплатен и беСплатен не е исто. Ама само мислам …“, вели Шилегов.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања