Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Лојалноста не е молк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
makraduli

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо поделби.

Во објава, Макрадули направи ретроспектива на периодот од 2013 година, кога СДСМ беше во опозиција и под силен притисок, потенцирајќи дека тогашната борба била водена со мотивација, теренска работа и верба во промени.

— реклама —

„Лојалноста не е слепо следење. Лојалноста е одговорност – да мислиш, да кажеш и да создаваш“, порача Макрадули, алудирајќи на актуелните случувања во партијата.

Тој нагласи дека тешките теми не смеат да бидат повод за раслојување, туку за аргументиран дијалог и приближување на ставовите, предупредувајќи дека игнорирањето на проблемите води кон слабеење на партијата.

— реклама —

Макрадули се осврна и на концептот „Глас+“, кој го опиша како политика што вклучува, обединува и се темели на принципите на слобода, еднаквост и солидарност, нагласувајќи дека токму таков пристап е потребен и денес.

„Партијата не е простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат и придонесуваат“, истакна тој.

— реклама —

Воедно, упати критика и кон актуелната власт, оценувајќи дека државата се соочува со неизвесност и недостаток на стратегија, при што, според него, доминираат лични интереси на сметка на граѓаните.

На крајот, Макрадули повика на единство и создавање заеднички фронт за промени, потенцирајќи дека тие треба да започнат од самата партија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања