Откако СДСМ вечерва соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник и пратеник од СДСМ за ова слушна во емисија во живо.
Шилегов рече дека од почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави.
„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.
СДСМ иницира постапка да го исклучи Петре Шилегов од партијата
Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешен висок функционер, од членството во партијата.„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за платформа з
Македонија | пред 3 месеци