Промени тема
Контакт

(Видео) Со бомбите од СЈО ќе ја разведеа пола Македонија, вели Книга раскажувајќи каква порака пратил Шилегов до Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarypvvqc79d0ct347waByH

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Драги Митковски-Книга, долгогодишен близок пријател на Никола Груевски, зборуваше за периодот на „бомбите“, за односите со поранешниот премиер, како и за своето сведочење пред Специјалното јавно обвинителство.

Одговарајќи на прашањето како се чувствувал кога ги слушал прислушуваните разговори во кои се спомнува Груевски, но и трговијата со влијание „ти мене – јас тебе“, Книга призна дека чувството било непријатно. Раскажа дека во моментите кога почнале да се објавуваат „бомбите“ бил во Сандански. Кога се вратил случајно се сретнал со Петре Шилегов.

— реклама —

„Ми рече да му се јавам на другар ми да си даде оставка. Го прашав зошто? Ми вика – па слушаш ли бомби? Му реков дека слушам, ама дека со бомби ќе ја разведат пола Македонија“, раскажа Книга.

— реклама —

На прашањето на водителот дали тој ги перцепира објавените материјали како снимки каде се зборувало за афери и „шваљерај“ отколку за класичен криминал, Книга одговори дека доколку биле објавени сите снимки, „удолницата ќе била целосна“.

Книга потврди дека бил повикан и во Специјалното јавно обвинителство, каде што бил распрашуван за своите релации со Никола Груевски. Како што наведе, распитот го водела обвинителката Ленче Ристовска, за која рече дека била „ептен коректна“.

— реклама —

Во разговорот се осврна и на периодот непосредно пред бегството на Груевски во Будимпешта. Иако претходно тврдел дека немал контакти со него, Книга призна дека се сретнале околу месец и пол пред бегството, во кафана. За бројните шпекулации околу начинот на кој Груевски ја напуштил државата, вклучително и приказните дека бил пренесен во гепек, Книга беше дециден.

„Нема шанси Груевски да се вози во гепек“, рече тој, додавајќи дека, според негово убедување, заминувањето било „најнормално“.

— реклама —

Цел ексклузивен разговор:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4euep141q1he0pIWv9q

Груевски ослободен во „Талир 2“ – „Белата палата“ се одмрзнува по осум години

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryomutu5c1grd6dKM4lUb

Груевски за луксузните станови на Водно: Обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене, а тие не се мои

Коментари | пред 2 месеци

media-library6l77jjmjlka9a02wmiw

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски: Џакузи, панорамски поглед и почетна цена од 2,46 милиони евра

Македонија | пред 2 месеци

gruevski

Никола Груевски: Лага е дека пред заминувањето од Македонија престојував во хотелот што го спомена Маленко

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања