Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ обвинува: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар - ВМРО, велат од СДСМ.

„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството.  Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?

— реклама —

Кои се причинско последичните факти?

Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од  10 милиони евра.  Постапката сè уште е во тек.

— реклама —

Сега дали е појасно?

По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.

Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.

— реклама —

Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.

Овој предмет се уште е во истражна постапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.

ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.

— реклама —

СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.

Ќе се избориме со сите напади.

Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања