Промени тема
Контакт

Ќе побараме оставка од раководството на СДСМ, вели Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Shilegov

Поранешниот функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во вечерната „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа оопозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.

„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да доојдат некои други да ја раководат партијата“, рече Шилегов.

— реклама —
— реклама —

Додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.

— реклама —

„Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ - безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап“, вели поранешниот градоначалник на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања