Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.

— реклама —

Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.

По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.

— реклама —

„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.

— реклама —

Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.

„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.

— реклама —

Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.

„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања