Македонија

(Видео) Мицкоски во клучен момент подаде рака за постигнување договор за Македонија, од СДС за момент нека заборават на личните интереси, вели Ковачки

„ВМРО-ДПМНЕ многу јасно и недвосмислено подава рака за национално обединување и иницира подготовка на стратегија за државата до 2050 година. Приоритетот интеграција на Македонија во ЕУ е јасен, но на патот до негово исполнување треба да реализираме многу работи, да бидеме подобри, подобри пред се за нас. За тоа да се реализира ни треба јасна стратегија како да стигнеме до целта“, изјави Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот Христијан Мицкоски јасно кажува дека треба да се дефинираат приоритетите за развој на државата и тоа во повеќе области и да се одговори на повеќе предизвици, како демографски, економски, земјоделски, енергетски, транспортни и слично.

Ги повикуваме СДС повторно да размислат и покрај нивното првично негодување за обединување околу една стратегија со помош на умовите од академската заедница.

СДС мора да ја надмине кратколгледоста. СДС мора да прекине да мисли на интереси на поединци од партијата и на партиските интереси.

Седум години ја запоставија Македонија, која не само што стагнираше, туку и назадуваше во одредени области.

СДС мора да ги сфати зборовите на претседателот Мицкоски кој на 23 октомври во средата кажа цитирам „ова е суштински период верувајте. ова е период од кој ќе се знае ќе не биде или не, знам дека звучи драматично, некому можеби ќе му звучи и патетично, но дали знаете дека ако сакаме да успееме, немаме избор освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега“, затворен цитат.

Ако им треба време нека размислат уште малку, нека не брзаат, за момент кога ќе размислуваат на оваа тема за обединување нека заборават на личните и партиски интереси.

Повторувам, од СДС нека се обидат да ги остават зад себе личните и партиски желби, нека го направат тоа за граѓаните, за државата, за подобро утре за сите.

Претседателот Мицкоски конструктивно, во клучен момент подаде рака и ги покани сите заедно да постигнеме договор за Македонија! На потег е опозицијата, на потег е СДС, нека не размислува дневно политички, нека се преиспита. На потег е и академската заедница!“, соопшти Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток