Македонија

Полицијата пронајде седум мигранти од Сирија кај Мрзенци

На 24.10.2024 околу 09.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, кај место викано „Авлаќ“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица пронашле седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Поради основано соменине дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен A.A.(23) од Сирија.

Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а останатите шест лица биле спроведени во прифатен центар за странци во Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток