Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Намалувањето на маржите – голема измама на Мицкоски кој ги штити трговците, обвини СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„По само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна. Голем дел од цените не се намалени, некои се намалени минимално, а за некои производи цените дури и се зголемени“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Оваа мерка се покажа како голема измама на Владата, која очигледно ги штити трговците, а не граѓаните. Според реалните теренски анализи, освен ПР кампањата на Владата со налепници „загарантирана цена“ во маркетите, ништо друго не се променило.

— реклама —

Еве ги бројките. Во октомври, синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари во споредба со претходниот месец. Тоа е заштедата за граѓаните за еден месец од мерките на Мицкоски. Денес, на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за основните потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1.000 денари откако Мицкоски стана премиер. Овие индикатори покажуваат дека животниот стандард на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат сè помалку пари во џебовите.

— реклама —

Економистите со право ја критикуваат Владата за неуспешната економска политика. Никој не препознава план или знаење кај оваа Влада да го подобри стандардот на граѓаните ниту да ја зајакне економијата.

Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра. Со потсмев им вели на граѓаните „да почекаат, ќе бидат задоволни“. Чекаат работниците за повисоки плати, а граѓаните за ефективни мерки за намалување на цените.

Сите чекаат Владата да се смилува и да преземе нешто што ќе значи директна поддршка за семејствата и родителите кои се борат да ги покријат основните потреби.

Наместо да манипулира со лажни кампањи, Мицкоски треба да се охрабри и да ги продолжи добрите политики на СДСМ. Јасно е дека нема економски концепт и дека со неговите политики сите осиромашуваат. Време е да признае дека вака веќе не може и да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата. Ова е решение кое ќе донесе бенефит за сите работници, ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата. Секое семејство ќе има повеќе пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 17 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања